Дупката во асфалтот на уличниот крак, кој има приод од улицата „Богомилска“, веќе подолго време им претставува проблем на дел од жителите на станбената населба „Христо Узунов“.
Тие се жалат дека оштетувањето на асфалтот е голем проблем за нивните возила особено кога треба да се разминат со друго возило.
-Ова е малска улица, но сепак е многу раздвижена, бидејќи во овој станбен комплекс се лоцирани голем број ординации и други деловни објекти, па често се прави метеж со возила, велат жителите на населбата, кои ни ги испратија приложените фотографии.
Тие упатуват молба до надлежните што поскоро да преземат мерки за решавање на овој проблем.
OhridNews