Познатиот аукциски сајт eBay, го реши деценискиот спор што земјава го има со Грција околу името.

Во сликата што ни ја испрати наш читател, јасно се гледа дека во графата каде што се испишани имињата на земјите, наместо Macedonia стои Fruit Salad.

Оние кои ја забележале „шегата“ на познатиот веб портал, истакнуваат дека повремено во графата се менуваат двата поима.  Сомнежите се дека најверојатно  станува збор за хакерски упад.

OhridNews
фото: Миле Илоски