Традиционално по петти пат и оваа година во  Скопје се одржа интернационалната tattoo конвенција организана од мото клубот  „Ноќни Волц“. Настанот кој се одржа во „Мала станица“  привлече големо внимание, како и голем број домашни и странски посетители. Меѓу натпреварувачите беше и охридското студио „Ohrid Tattoo“ кое од Скопје се врати со една рака признанија.

Tattoo уметникот Номче Георгиески и оваа година го покажа целиот свој талент и оргиналност. За својот труд освои признанија во следниве категории:

1.Прво место во реалистик категорија изработена на Кристијан Велјаноски.

 

2.Прво место во колор категорија изработена на Стево Симоноски.


3.Второ место за колор изработена тетоважа на  Горан Миќиќ.


4.Второ место во реалистик категорија изработена на  Јорде Јолески-Јолескиот.


5.Трето место во реалистик категорија изработена на Горан Миќиќ.


По завршување на натпреварите учесниците беа поканети на забавата на мото клубот „Ноќни волци“, со која беше одбележана 5-годишнинатата од неговото постоење.


Една рака признанија за „Ohrid Tattoo“ на фестивалот во Скопје

OhridNews