По завршување на мечот меѓу Челси и Арсенал во Капитал купот, манеџерот на „сините“ Жозе Мурињо и Германецот, Месут Озил имаа емотивна средба.
Тие двајца три години беа дел од тимот на Реал Мадрид, а на „Сантијаго Бернабе“ Озил стигна по барање на Португалецот. Пред почетокот на сезоната „кралскиот клуб“ се ослободи од обврските на Озил и навивачите сеуште жалат за таа одлука, а Мурињо се пресели во редовите на Челси.
Во знак за благодарност германскиот репрезентативец му го поклона дресот од Арсенал на својот ментор од годините минати во Реал Мадрид.
Мх.П.