Крилниот играч Крсте Андоновски, со Тиквеш го одигра последниот натпревар во дресот на ГРК Охрид каде ја мина целата своја кариера.
Поранешниот капитен на екипата синоќа се прости од навивачите, а во знак на благодарност клубот му додели Признание за посебен придонес во ГРК Охрид.
Андоновски по завршување на натпреварот со синот во рака ги поздрави верните „Рибари“ кои го скандираа неговото име.
Прошталниот меч на Крсте го следеа неговото семејство и блиски.
Крсте Андоновски по завршувањето на играчката кариера ќе заплива во тренерските води. Тој ќе биде дел од новиот стручен штаб на ГРК Охрид.
Покрај Андоновски од клубот по завршување на сезоната во која ГРК Охрид обезбеди пласман во ракометна Европа, си заминуваат уште и тренерот Стевче Алушовски и играчите: Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Винисиус.
Фото: А. Момироска