Почесниот член на Манчетер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон положи 96 ружи на теренот од Енфилд додека капитенот на “црвените ѓаволи“ Рајан Гигс пушти исто толку балони во црвена боја во воздухот на стадионот.
Дербито го красеше безкомпромисна игра, оштри стартови, три голови и црвен картон. А друга димензија на дербито му дадоа Евра и Суарез откако на почетокот на мечот спортските се поздравија и ги закопаа секирите по ланските инциденти.
Ливерпул поведе со голот на Џерард, кој му го посвети на својот млад роднина кој беше помеѓу жртвите во стампедото. Mанчестер Јунајтед пет минуту подоцна возврати преку Рафаел, а комплетниот пресврт го направи Робин ван Перси од пенал во финишот на мечот.
Иако ривалството е големо не само на спортски план, актерите на дербито во голем стил му оддадоа почит на жртвите во 1989 година.