“Cuba libre beach & bar” синоќа се претвори во „Временска машина“ која музички ги врати охриѓани во минатото. „Петар Маркоски Quartet“ потсети на големите хитови на Frank Sinatra, Elvis Presley, Dean Martin…, како и на најголеми македонски „евергрини“ на Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Нина Спирова и многу други.
Безвременските хитови на извонреден начин ги интерпретираа Петар Маркоски и професорката по музика и пијано уметник Емилија Маринова пратени од одличниот ритам на тапанарот Филип Стојковски -Зизи и басистот Илија Волканоски.
Атмосферата ја надополни стендап комичарот Никола Тодороски со доза креативен хумор на кој никој не остана рамнодушен.
Настанот, чиј ексклузивен медиумски покровител е OhridNews, побуди огромен интерес, што покажува дека Охрид е гладен за квалитетни културни збиднувања. Присутните, меѓу кои имаше и јавни личности, го испочитуваа дрес кодот, што дополнително го разубави настанот.
На евергрин вечерта „Враќање во минатото“ беа изведени музички хитови од периодот 1950 – 1980 година.
OhridNews
фото:Емилио