Големото невреме што вчера го зафати охридскиот регион, направи големи штети во атарот на село Оровник. Фотографии направени од жители на селото сведочат за силината на невремето кое било проследено со пороен дожд, град и грмотевици.
Погодените подрачја вчера ги посети градоначалникот на општина Дебрца, кој најави помош за локалното население.
Општина Дебрца формира посебна комисија за проценка на штетите од невреметео, која веќе започна со работа. Во невремето што вчера беснееше во охридско уништени се насади со најразлични земјоделски култури.