Пред преполниот “Олд Трафорд“ фановите ја поздравија легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс а пак тој врати на препознатлив начин стрелајќи прецизно на последниот натпревар во дресот на “црвените ѓаволи“. Натпреварот кој беше во втор план му припадна на Манчестер Јунајтед совладувајќи го Њујорк Космос со убедливи 6-0.


Голем број звезди дојдоа да го испратат Сколс во аналите на Манчестер Јунајтед, еден од тие беше бразилецот Пеле, французинот Ерик Кантона, Лоран Блан.

Мх.П.