Екипата на Ферари на екстравагатна свеченост во „Ромоло Вали“ го претстави болидот за претстојната сезона во Формула 1 шампионот. Новото име на болидот „SF1000“ ќе го означи големиот јубилеј на италијанскиот тим кој ќе учествуваа на 1000-та трка сезонава.

 

Ферари е првиот тим кој во живо го претстави својот болид. Минатата недела Хаас објави слики од новиот модел, но не го претстави пред симпатизерите.

  • Знаеме дека оваа ќе биде возбудлива и долга сезона, преполна со неизвесност, но и важна поради паралелата која мораме да ја креираме и развиеме со новиот болид во склад со прописите кои ќе стапат во сила од 2021 година. Имам голема доверба во тимот. Во нивната креативност, дисциплина и одлучност кога се работи за Ф1 болидот. – изјави извршниот директор на Ферари, Луј Камилијери.

Тандемот пилоти на Ферари ќе го сочинуваат Чарл Леклерк и Себастијан Фетел.

Новата сезона во Ф1, стартува на 15 март со трката во Мелбурн за големата награда на Австралија. Бранител на титулата ќе биде Луис Хамилтон.

OhridNews