Акцијата против расизмот во Премиер Лигата доживеа целосно фијаско. Дел од фудбалерите со темна боја на кожата се одлучија за бојкот и одбиваат да ги носат маичките со порака за единство на загревањето пред натпреварите.


Навредите и омаложувањето на расна основа во Премиер Лигата станаа честа појава. Најгласни во бојкотот се браќата Рио и Антон Фердинанд. Нив им се придружија соиграчите на Антон, Холиет, Шон рајт Филипс како и Аничебе, Дастин и Пејнар од тимот на Евертон.


Капитенот на Челси, Џон Тери поради навредите упатени кон Антон Фердинанд на ланскиот меч со Квинс Парк Ренџерс одлежува суспензијата од четири натпревари. Со драстична казна од осум меча се соочи Луис Суарез откако имаше вербален конфликт со Патрис Евра на дуелот со Мен Ју на Енфилд.

Мх.П.