Последната 18-та рунда во регуларниот дел од Супер лигата ќе одлучи првакот, односно екипата која ќе го понесе епитетот шампион. Во трка се Охрид и Пелистер кои имаат различни задачи со иста цел во завршното коло.


Составот на Охрид кој од првата позиција ќе го отвори последното коло гостува во Радовиш, додека второпласираниот Пелистер пред своите гледачи го пречекува тимот на Вардар Јуниор.

На „гладијаторите“ им е потребна победа за зачувување на првата позиција, а Пелистер покрај победа ќе треба да чека кикс од Охрид во Радовиш.

Притисок на водечките екипи им направи Еурофарм Работник кој со триумф (31-26) над Работнички ја отвори последната рунда од регуларниот дел од Супер лигата.

Двојки: Пелистер – Вардар, Пролет – Борец, Радовиш – Охрид, Прилеп – Металург 2.

Табела: Охрид 40, Пелистер 40, Еурофарм Работник 40, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.

OhridNews