Повторно се распрснаа водоскоците од Фонтаната кај Чинарот.  По долг период, надлежните  донесоа одлука повторно да го наполнат нејзиниот басен и конечно да го разубават овој дел од градот.


Фонтаната ставена во функција

Иако туристите и гостите многу често ја користат оваа фонтана како позадина на своите семејни и друштвени фотографии од одморите или ескурзиите кои ги поминале во Охрид, охриѓани сметаат дека фонтаната и не е соодветен декор за просторот каде што е поставена. На неодамнешната анкета што ја спроведе Оhridnewѕ, 88 отсто од испитаницити сметаа дека големата фонтана на плоштадот кај стариот Чинар треба да се преуреди.


OhridnNews