Во присуство на голем број гости, пријатели, деловни соработници, култниот охридски бар „Кадмо“ синоќа го прослави 19-от роденден.

Посебен шмек на забавата и дадоа Јана Спирковска и „Publik band“ кои направија одлична роденденска атмосфера.

Со иста посветеност чекориме понатаму, подготвени за уште многу авантури, радости и забави, велат од тимот на „Кадмо“.

Успешната приказна на „Кадмо“, започна во 2006 година кога беше отворен барот во центарот на Охрид, кој низ годините стана синоним за квалитетна понуда и добра забава.

„Кадмо“ најавува добра забава за претстојните новогодишни празници како вовед во јубилејната 20-та што овој охридски угостителски бренд ќе ја прослави в година.

Среќен 19 роденден Кадмо бар!

Фото: А. Момироска