Во натпревар исполнет со голема борба низ целиот терен, Струга Трим Лум со минимални 1-0 ја совлада Ренова и освои значајни три бодови во исполнувањето на целта-опстанок во дебитантската сезона во Првата македонската фудбалска лига.

Разликата помеѓу двете екипи на Градскиот стадион во Струга беше погодок кој го постигна дефанзивецот Христијан Драгарски во 55-та минута. Битолчанецот во редовите на Струга Трим Лум ја смести топката во мрежата после одбиената топка на гостинскиот голман кој требаше и мораше да реагира подобро. Драгарски во финишот доби црвен картон, а кај гостите поцрвена еден од претставниците кој бурно реагираше на неколку судиски одлуки од главниот арбирар Петар Мантев.

OhridNews

Реакции после натпреварот Струга Трим Лум – Ренова

Струга Трим Лум и се реваншираше на Ренова (видео)