Голем број симпатизери на ВМРО ДПМНЕ вечерва се собраа на плоштадод „Св. Климент Охридски“ да ја прослават победата на нивниот кандидат Кирил Пецаков на локалните избори за градоначалник на Општина Охрид.

Никогаш нема да ве разочарам. Поминавме две недели во кои оваа власт ни покажа зошто треба да замине. Хибридниот режим е поразен во цела Македонија. Се соочивме со многу притисоци за кои најдовме начин како да ги надминеме. Не потценија, но ние работевме и знаевме дека ќе дојде денот кога ќе кажеме дека Охрид и Македонија победија. Нема место во Охрид, без разлика кој кај живее, сите ја дадоа поддршката и бескрајно сум Ви благодарен за тоа. Од првиот ден ќе работам за сите граќани. – рече пред исполнетиот плоштад новиот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков.

Според податоците на Државната изборна комисија, од 85 обработени избирачки места од 88 вкупно (95,5%), кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков освоил 16.141 глас, а неговиот противкандидат Константин Георгиески од СДСМ 12.519.

Фото галерија:

ВМРО ДПМНЕ и Кирил Пецаков ја прославија победата со симпатизерите на градскиот плоштад

OhridNews
Фото: А. Момироска