Охридските фудбалери, на шокантен начин ја изгубија првата битка во војната за опстанок во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ во дерби средбата со Лабуништа имаа водство и блиску беа до позитивен исход, но домашните фудбалери со два погодоци во судиското продолжение го свртеа резултатот и ги зграпчија бодовите.

Мала дамка на дербито остави непопуларниот потег на еден од редарите од домашниот клуб, кој после третиот погодок дотрча кај охридската клупа и неспортски го прослави погодок. Охриѓани натпреварот го завршија со десет фудбалери откако црвен картон доби Шериф Реџепи, а после излегување од игра поцрвена и Стојанче Велинов.

Шанса за поправен и први бодови на табелата во втората полусезона, Охрид ќе има на домашен терен против Вардар Форино.

OhridNews

Лабуништа со пресврт триумфираше во дербито со Охрид!

Реакции после натпреварот Лабуништа – Охрид