Со пригодна свеченост што се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид,  го одбележа својот Патронен празник, а воедно и јубилејот 120 години од основањето на училиштето.

По тој повод беше отворена и изложба и продажна акција, а свечениот дел беше своевиден времеплов посветен на богатата традиција на училиштето. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Јован Стојаноски, а свое обраќање имаше и директорката на училиштето Наташа Танеска. На најдобрите ученици им беа врачени награди и признанија.

Фото: Емил Јовановиќ