Денес, по повод верскиот празник Прочка, во охридското село Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал (емшири).

Учествуваа голем број млади од селото кои ги презентираа своите интересни и шеговити маски поврзани и со секојдневните актуелни случувања.

Актуелните случувања со Руско-украинската криза дел од овогодинешниот маскенбал

Месната Заедница на селото со поддршка од Општина Охрид обезбедија симболични пакетчиња за малите емширчиња кои им ги доделели Градоначалникот Кирил Пецаков.

Традиционален маскенбал за Прочка во Велгошти

 

OhridNews