Со Денот на рибарите, на Св. Јован, завршија богојавленските празнувања во Охрид. За прв пат овие прзници се чествуваа четири дена богати со традиција, културни збиднувања и атракции. Финалето беше на Денот на рибарите за кој беа подготвени 2 тони рибна чорба, што ја спонзорираше х. „Ројал“, риба, 1000 порции пача, традиционални специјалитети и секако греана ракија и вино. Неизбежен дел од празникот беше и традиционалното зимско капење и „ловот“ на бурињата со вино. Еве како изгледаше тоа низ фото објективот на Емил Јовановиќ.
Богојавленските празници најубаво се одбележуваат во Охрид
OhridNews
фото: Емилио