По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот Јован Стојаноски за граѓаните од муслиманска вероисповед, вечерва на плоштадот „Чинар“ приреди ифтарска вечера.
-Ваквите средби и празнувања ги јакнат односите меѓу граѓаните и соживотот и се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности, порача градоначалникот Стојаноски, додавајќи дека како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија.
На ифтарската вечера присуствуваа претставници на локалната самоуправа и советот на Општина Охрид.
Градоначалникот Стојаноски приреди ифтарска вечера на плоштадот „Чинар“
OhridNews























