Дека Охрид и Струга живеат за ракометот покажа натпреварот кој овие две екипи го одиграа во рамки на првото коло од купот на Македонија. Спортската арена „Билјанини извори“ во Охрид беше претесна да ги прими сите љубители на спортот. Атмосферата одлична, на моменти непотребно зовриена, а битката на теренот беспоштедна. Ракометното дерби го привлече вниманието и на политичарите кои одвоија време во своите кампањи да го проследат мечот. По 60 минути спортска борба победата ја однесе подобриот тим. Струга славеше 24 :19.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com