Кон празникот Водици охриѓани имаат посебен култ. И оваа година градот ширум ги отвори портите за големиот број гости и верници кои утрово присуствуваа на големиот водосвет, по што во водите на Охридското Езеро беше фрлен чесниот крст кој го фати Иван Лотески. Низ градот насекаде се чувствува празнична атмосфера, угостителските објекти се преполни со гости, музика ечи од сите страни.


фото: Анамарија Момироска

Верниците според обичајот денеска полнеа вода од осветеното Охридско Езеро за здравје и масовно ги посетуваат православните храмови во градот. Меѓу илијадниците верници и гости на празникот Водици во Охрид има и многу јавни личности и политичари.

-Имавме прекрасен ден, се помина во најдобар ред. Временските услови беа одлични и фаќањето на крстот мина добро. Им посакувам се најдобро на охриѓани, многу љубов и да имаат верба дека сите заедно ќе направиме многу повеќе за овој град. – изјави градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.


Фото: Емил Јовановиќ

А.М.