Четириесеттина млади натпреварувачи од земјава и регионот зедоа учество на традиционалната меѓународна едриличарска регата „Заедно за иднината на Езерото“ што се одржа деновиве во склоп на Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival), во организација на клубот Акватика Јахтинг од Охрид, под покровителство на Групацијата „Сава“ – „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“ и подршка од Општина Охрид.
Натпреварите на дводневната регата ги диктираа временските услови кои целосно не беа наклонети на учесниците, особено вториот ден кога недостигаше ветар, но затоа, пак,него го имаше во изобилство на првиот натпреварувачки ден.
Најуспешни на регатата беа едриличарите од „Акватика Јахтинг“ – Охрид со 13 одличја, а веднаш до нив беа едриличарите од ЕК „Снегар“ – Струга со 9 медали.
Резултати од Едриличарската регата „Заедно за иднината на Езерото 2025“:
Класа Оптимист:
1. Мила Булатовиќ – Акватика Јахтинг Охрид
2. Томе Златески – ЕК Снегар Струга
3. Сара Милеска – ЕК Снегар Струга
Класа 470
1. Анѓела Станковиќ/ Никола Павиќ – БК Металац Смедерево
2. Марија Миличевиќ/Вук Петровиќ – БК Металац Смедерево
3. Гала Булатовиќ/Стефан Настевски – Акватика Јахтинг Охрид
Класа ИЛКА 6
1. Милица Миловиќ – БК Металац Смедерево
2. Софија Ставрева – Акватика Јахтинг Охрид
3. Јана Неданоска – Акватика Јахтинг Охрид
Класа ИЛКА 4
1. Евгенија Ставрева – Акватика Јахтинг Охрид
2. Илина Гаџовска – Акватика Јахтинг Охрид
3. Дарио Лолиќ – Војводина Нови Сад
Класа Оптимист девојку У12
1. Сара Милеска – ЕК Снегар Струга
2. Дарија Томаноска – ЕК Снегар Струга
3. Калина Николовска – Акватика Јахтинг Охрид
Класа Општимист девојки
1. Мила Булатовиќ – Акватика Јахтинг Охрид
2. Сара Милеска – ЕК Снегар Струга
3. Дарија Зографска – Акватика Јахтинг Охрид
Класа Оптимист момчиња У12
1. Томе Златески – ЕК Снегар Струга
2. Сергеј Кречов – Акватика Јахтинг Охрид
3. Филип Ѓорѓевиќ – БК Металац Смедерево
Класа Општимист момчиња
1. Томе Златески – ЕК Снегар Струга
2. Сергеј Кречов – Акватика Јахтинг Охрид
3. Петар Филоски – Акватика Јахтинг Охрид
Класа Оптимист – Генерален пласман
1. Мила Булатовиќ – Акватика Јахтинг Охрид
2. Томе Златески – ЕК Снегар Струга
3. Сара Милеска – ЕК Снегар Струга
Учесниците заедно со организаторот, покровителот и помагателите и оваа година упатија силна порака за заштита на Охридското Езеро како уникатно природно богатство од непроценливо значење, посочувајќи го нивниот пример на еколошка пловидба која не загадува и не влијае негативно на овој значаен воден ресурс и живиот свет во него.
Г.М.
Фото: А. Момироска