Дел од бетонските столпчиња кои се поставени по тротоарот на улица „Македонски Просветители“ непосредно до крстосницата со булевар „Туристичка“, веќе подолго време се оштетени и ја нагрдуваат сликата во еден од најфреквентните делови од Охрид.
Охриѓани кои секојдневно минуваат тука коментираат дека надлежните служби очигледно до сега ги немаат забележано оштетените стопчиња.
-Доколку поминеш тука не е возможно да не ги забележиш, а не верувам дека некој од надлежните до сега не ги забележал. Иако се работи за еден ситен инфраструктурен проблем, ваквата слика му наштетува на имиџот на Охрид како туристички центар, вели една повозрасна охриѓанка.
Вакви слични оштетувања на бетонските столпчиња, во текот на изминатиот период беа забележани и на уште неколку други локации низ Охрид.
OhridNews