Во втората рунда од пролетната полусезона охридските ракометари пред своите гледачи ќе се сретнат со Радовиш. Екипа, која успеа да го совлада Охрид во есенскиот дел во контроверзен натпревар на кој имаше се и сешто.

Поразот од штипскиот суперлигаш Текстилец е минато и избраниците на стратегот Горан Андоновски максимално се фокусираат за натпреварот, кој ќе се одигра в сабота во 19 часот.

Во двата досегашни натпревари одиграни во „Билјанини Извори“ против Радовиш „гладијаторите“ имаат две победи.

Мх.П.