Ракометарите на Металург ја освоија шампионската титула во Пионерска конкуренција, откако триумфираа на завршниот турнир кој се одржа во Охрид, додека „гладијаторите“ своето прво учество меѓу најдобрите го заокружија со бронзен медал.

„Металурзите“ во финалето го совладаа составот на Торо Спорт, кој за влез во натпреварот за златен медал го елиминираше охридскиот тим. Охриѓани третото место го обезбедија со триумфот во малото финале над екипата на Астраион.

Наградата за најдобар стрелец му припадна на Мартин Иваноски, кој заедно со Кристијан Димитриески беа одбрани во идеалната екипа на турнирот во Охрид.

Фотогалерија:


Охридските ракометари со бронзените одличја и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Мх.П.