Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ експресно со 2-0 во сетови го совлада Шпанецот, Монтанес во првото коло на турнирот во Монте Карло. До победата Ѓоковиќ стигна за 46 минути и тоа пред очите на Радамел Фалкао, кој мечот го проследи од трибините и беше воодушевен од неговата игра. По завршувањето на натпреварот Колумбиецот на рекетот број два му подари дрес од Монако со неговото име.
Мх.П.