Рекетот број еден Ѓоковиќ беше прецизен од белата точка додека за екипата на Црвена Звезда настапи и тренерот Роберт Просинечки.
– Дефинитивно е потешко да играш фудбал него тенис, цело време во глава ми се моташе да не бидам во офсајд и да не сум себичен. Чуството да заиграш на Маракана е непроценливо, задачата е исполнета со собирањето доволно средства за инкубатори за бебиња – истакна популарниот Ноле.