Традиционално, дел од прекрасниот празничен декор за Богојавленските празници во духовното светилиште на Македонија и православието, Охрид, е и голем крст направен од балони, кој се се издига кон облаците при положувањето на чесниот крст во езерските води.

Интересно е што крстот од Охрид денеска „слета“ петнаесеттина километри во селото Требеништа. За охридскиот крст се погрижија жителите на селото кои, пак, исто така испраттија крст од бели балони кон небото.

OhridNews