Пет активистки од организацијата за човекови права Фемен протестираа топлес пред Олимпискиот стадион во Киев поради опасност Украина да се претвори во евро-бордел за време на Европското првенство во 2012.

„Убедени сме дека УЕФА го гледа својот интерес во развојот на сексуалниот туризам и проституцијата за време на шампионатот. Овде не се работи само за фудбалот, туку е можно да дојде и до хуманитарни катастрофи“, вели организаторката на протестот.

Активистките на организацијата Фемен често протестираат против искористувањето на жените, социјалната неправда и сиромаштијата.

ЕП во Полска и Украина ќе се одржи од 8 јуни до 1 јули идната година.

“Макфакс“
Ohridnews