Голема количина на градежен шут и кабаст отпад е расфрлан на десетина метри од брегот на Охридското Езеро, непосредно до стадионот „Грашница“. Со оваа грда слика, нашиот медиум уште еднаш ја прикажува ниската еколошка свест на поединците за одржување на чиста животна средина.

Депонии со градежен шут се лоцирани и на други места низ охридските населби и покрај стариот пат за Струга.

Инаку Ј.П.„Охридски Комуналец“ во текот на месец февруари 2014 година, спроведе акција за расчистување на дивите депонии од градежен шут во Урбаната заедница „Видобишта“. Во текот на акцијата, со помош на специјална механизација темелно се расчистија мини-депониите по должината на улицата „Ристо Чадо“.

OhridNews