Членови на клубот за подводни дејности „Охрид“ oд Охрид, познат по бројните еколошки акции, денеска го чистеа дното на Охридското Езеро кај Градското пристаниште, каде на празникот Водици, 19 Јануари, ќе биде положен чесниот крст во осветените води.

Охрид се подготвува за Водици - Фото: Ива Јовановиќ
Охрид се подготвува за Водици – Фото: Ива Јовановиќ

Клубот за подводни дејности „Охрид“, исто така, од вода ќе ги обезбедува капачите кои ќе пливаат по крстот во студените езерски води.

Оваа година богојавленските свечености ќе се одвиваат со скратена програма. Чинот на осветување на водите ќе биде утрото на 19 Јануари, а крстот во Езерото ќе го положи Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На пладне, пак, во мсноста Сараиште ќе се има групно крштевање на верници.

Поради пандемијата гидинава нема да се oрганизира традиционалната прослава на празникот Св. Јован на 20 Јануари, позната како Денот на рибарите.

OhridNews

Фото: Ива Јовановиќ