Подготовките за претстојната сезона се во полн ек. Така е и во комплексот Градска плажа во населбата Воска. Зелениот појас покрај езерото е изоран и хортикултурно ќе биде уреден, се попесочува плажата, а се дотерува и внатрешноста на комплексот. Радува и информацијата дека по повеќе години се подобрува квалитетот на водата во езерото во овој дел. Според последните мерења на Заводот за здравствена заштита водата кај Градска плажа е од втора класа и е добра за спорт и рекреација.


Се уредува Градска плажа

Ohridnews