Неповолните временски услови и дождот кој попладнево непрекинато паѓаше во Охрид, не претставуваат пречка за најмладите, да одвојат час од своето слободно време за рекреација на лизгалиштето на мраз.

Овој објект кој пред неполн месец беше пуштен во употреба, претставува вистинска атракција за најмладите охриѓанчина.

Инаку, лизгалиштето на мраз ќе работи секојдневно до крајот на овој месец, односно се додека условите го дозволуваат тоа.

OhridNews