Танцот квадрил на матурантите од охридската Гимназија што денеска се одржа на плоштадот „Св. Климент Охридски“, го привлече вниманието и на политичарите. Тука беа кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ, Анита Кипаризоска Крстеска и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, а меѓу бројната публика објективот на OhridNews го„улови“  и носителот на кандидатската листа на опозиционата СДСМ, Јани Макрадули, кој беше во друштво на охридскиот кандидат за пратеник Митре Велјаноски, кој во изминатите години беше дел од организацијата на матурскиот танц.


Атанаско Михаилов и Анита Кипаризоска Крстеска – ВМРО ДПМНЕ


Митре Велјаноски и Јани Макрадули – СДСМ

OhridNews