Сообраќајните патокази и информативни табли низ земјава,  најчесто ги означуваат само поголемите населени места. Таков е случајот и со таблата во централното градско подрачје, на која се испишани имињата на туристичкото место Св. Наум и селото Пештани. Револтиран жител на крајбрежното село Трпејца, сметал дека соодветно е на оваа информативна табла да го содржи и името на неговото село, па затоа и го допишал.


И „трпејчани“ сакаат да бидат на патоказите низ градот

О.Т