„ИБ“ фитнес центарот е подготвен за вториот турнир во пинг понг, кој ќе се одигра во новите простории. Стартот место в сабота се пролонгира за в недела на пладне.

– Да излеземе во пресрет на сите учесници на турнирот, одлучивме терминот да го поместиме за еден ден. Сакаме во исто време сите учесници да се рекреираат и да се натпреваруваат – рекоа од „ИБ“ фитнес центарот.

Системот на натпреварување ќе биде во групи, а потоа ќе следува елиминациска фаза. За првите тројца на турнирот има богати стокови награди и еден месец бесплатно рекреирање во ултра модерниот боди билдинг центар.

Мх.П.