Часови остануваат до Новата година, а Охрид пулсира во празнилниот ритам. Градот е полн со гости, во најголем дел од регионот, кои во најлудата ноќ ќе се веселат во угостителските објекти и хотелите, кои за Нова година ќе работат до раните утрински часови. И оваа Нова година Охрид е прекрасно украсен. Центарот на градот плени со убавина на која никој не останува рамнодушен. Минувачите постојано се фотографираат, а најмладите уживаат во радоста околу новогодишната елка. Идиличната новогодишна атмосфера ја долови објективот на охридскиот фотограф Емил Јовановиќ.
Идиличен новогодишен амбиент во Охрид
OhridNews
фото: Емилио