Откако пред повеќе од една недела информативната табла за лебедите во близина на каналот Студенчишта беше мета на несовесни поединци, истата се уште не е поставена на локацијата на која треба да се наоѓа.
информативната табла за лебедите потпрена на ограда
Информативната табла со податоци за црвеноклуниот лебед беше поставена во 2011 година во рамки на проектот „Регистрирање на гнездата на лебедите и нивна заштита во Охридското езеро со цел одржување на биодиверзитетот“, како и многу други јави добра во градот, неодамна беше мета на вандали, а се очекува надлежните служби да ја санираат штетата.
OhridNews