Деновиве интензивно течат градежните активности за оформување и поплочување на новиот тротоар на улицата „Мите Богоевски“, во непосредна близина на економското училиште и општинската зграда во Охрид. За таа цел вчера попладне, оваа улица беше затворена за сообраќај.

Поплочувањето на тротоарот го изведува Јавното претпријатие „Нискоградба“ со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.

OhridNews