– Мечот со Струга ќе биде празник на ракомет во Охрид. “Езерското“ дерби ќе се игра пред полна сала, а тогаш се може да се случи. Во втората полусезона сме поквалитетни од првата, го сменавме стилот на игра и се надевам дека со победа ќе ја израдуваме охридската публика – рече неодамна тренерот на охриѓани, Горан Андоновски.
Охридскиот ракометен состав има две победи додека моменталниот лидер во Првата машка ракометна лига Струга има една повеќе.
Сезонава овие две екипи се сретнаа два пати и во двата наврати на победа се радуваа струшките ракометари.