Денешните парламентарни и претседателски избори во Охрид минуваат во мирна, фер и демократска атмосфера.
Како што информираа од МВР, на ниту едно гласачко место низ целата држава не се регистрирани никакви посериозни проблеми, ниту пак имало нарушување на процесот на гласање.
Сите 88 избирачки места во општина Охрид утрово беа отворени на време, а право на глас за претседателските избори имаат 51.211 избирачи, додека бројот на гласачи за предвремените парламентарни избори е помал и изнесува 50.895.
OhridNews