Во Струга утре ќе се одржи вториот културен настан со кој всушност официјално се затвора проектот „Единство во различноста“.

Истоимената фото изложба ќе им биде достапна на граѓаните во струшкиот кафе бар „Арт Кафе“, а ќе биде отворена утре, во 12 часот. Покрај изложбата, во живо ќе настапи и музичка група. Во текот на следните месеци, изложбата ќе се организира и во други градови низ Македонија.



Овој културен настан е последната активност од проектот „Единство во различноста“ кој е имплементиран од страна на Локалната Агенција за Развој во општина Струга, и е финансиски поддржан од програмата на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“.

Главна цел на проектот е да и’ помогне на заедницата да ги надмине предрасудите базирани на етничката припадност и религијата. Целни групи се: Комисијата за односи меѓу заедниците, бизнис секторот, студентите, локалните медиуми и граѓаните.

OhridNews