Во необичен амбиент, на иста маса со публиката, актерите од Охридскиот народен театар и гостите од Битолскиот театар Петар Мирчески и Јулијана Стефанова, синоќа, во Центарот за култура, на исклучително креативен начин и високо ниво, ја донесоа премиерата на претставата „Малограѓанска свадба“ од Бертолд Брехт во режија на Дејан Пројкоски.
Гледачите всушност беа гости заедно со актерите на маса, беа послужени од нив и одблиску имаа можност да ги почувствуваат силните емоции кои молњевито транзитираа од радост до тага. Амбиентот во претставата го надополнува музика која се изведува во живо, а која ја аранжираше Горан Трајкоски.