Фудбалерите од школата Охрид 10 Јуниор со нетрпение го чекаат продолжението од Детската фудбалска лига. Актерите паузираа еден викенд поради Велигденските празници, а во петтата рунда домаќини ќе бидат екипи од Охрид и Струга.

Во најмладата категорија 2003/04 генерација Охрид 10 Јуниор ќе се сретне со Премиер додека во генерацијата 2001/02 “јуниорите“ ќе се судрат со Еврофудбал.

Натпреварите од петтата рунда во Охрид и Струга се играат в сабота.

Мх.П.