Генарацијата од 1998/99 година која жареше и палеше во Европа и Англија истрча да го поздрави долгогодишниот капитен на Манчестер. Во составот по пауза од осум години се врати иконата на “бебињата“ Дејвид Бекам, Ники Бат и братот на Гери, Фил Невил.
Натпреварот кој не беше во прв план го доби Јувентус со 2-1. За “старата дама“ прецизни беа Пепе и Џиондоната додека почесниот погодок за Манчестер го постигна Вејн Руни.