Полни трибини, атмосфера како од соништата, целата нација станата на нозе. Се очекува почетниот удар на натпреварот, стиснати палци за среќа на својата екипа, тоа ги красеше изминативе неколку дена нашите соседи.


Фантастичната амтосфера во Белград.


Почетокот на натпреварот во Сплит.

Партизан во незаборавна атмосфера ги пречекаа расположените “топџии“ кои распукаа со целиот “арсенал“ кои го поседуваат. Но и големите екипи од другите земји можат да му подзавидат за бодрењето на “гробарите“ на своите “црно-бели“ момци.


Приказната продолжува на “Пољуд“, каде Хајдук со минимални 1-0 го совлада белгискиот Андерлехт. Се играше 95-та минута кога популарниот “син дијамант“ Вукушиќ искористи една контра и го матираше гостинскиот голман за победа на “билите“.



А дека и ние знаеме да се “обединиме“  се покажа на натпреварот во Лигата на Европа, помеѓу Работнички и најтрофејниот англиски клуб Ливерпул. Арената “Филип Втори“ крцкаше за да се гледаат “црвените“ од Енфилд, но не и да се бодрат “романтичарите“. Жално е да се каже каде е македонскиот бисер, Вардар кој од “петни жили“ врзува крај со крај. Во првата македонска фудбалска лига Вардар е последен на табелата со две победи и шест порази.


Нема да умре, но полека но сигурно згаснува. . .

И “филмот“ на Пелистер нема среќен крај. Чкембарите го прославија  25-от роденден од нивното постоење, но нивните миленици никако да го вратат стариот препознатлив сјај на стадионот под Тумбе кафе.

 

Михаил Постоловски