Охриѓани попладнево го исполнија градскиот плоштад каде организирано на големиот лед дисплеј и во околните кафулиња го следеа натпреварот од Европското првенство во кошарка помеѓу Македонија и Црна Гора 80:81. Тие од срце навиваа за својата репрезентација, која доживеа несреќен пораз. Помеѓу присутните беше градоначалникот Бакрачески, кој во еден момент им се придружи на охридските навивачи – „Рибари“ кои добро ја загреаа атмосферата на плоштадот. 


Бакрачески запеа со „Рибари“

OhridNews