И покрај бројните апели од охриѓани, веќе неколку месеци дворот на црквата „Св. Богородица Болничка“ во старото охирдско јадро е преплавен од отпад  и шут.

Претходно, граѓаните реагираа и за камењата, кои од летниот период се оставени на самиот влез од овој верски храм.

Инаку, црквата претставува споменик на културата кој датира од 14-тиот век

O.T.